Одлуката на Маурицио Сари да го повлече Кристијано Роналдо од игра само по 55 минути игра на дербито против Милан го натера легендарниот тренер Фабио Капело да даде свое мислење за целата ситуација. Капело ја оправда одлуката на Сари, а го нападна Роналдо велејќи дека секој играч мора да го почитува тренерот.
„Мораш да останеш шампион и кога ќе бидеш заменет, а не само кога ти оди добро. Треба да ги почитуваш соиграчите. Вистината е дека Кристијано Роналдо во последните три години нема поминато ниту еден противник. Во казнениот простор е супершампион, најдобар на светот, но штом излезе надвор од него, ситуацијата е сосема поинаква. Јувентус ги има и Пауло Дибала и Даглас Коста, кои играат феноменално. Значи, Јувентус победува и без Роналдо“, изјави Капело.
Роналдо не само што му се налути на тренерот, туку воопшто не се поздрави со соиграчите на клупата за резерви и веднаш замина во соблекувалната, а потоа не чекал да заврши мечот, туку си заминал од стадионот.
Тренерот на Јувентус, Сари, објасни зошто го извадил Роналдо во 55-тата минута.