Ова што се случи вечерва на Галатасарај ретко му се случува и претставува вистински шок за неговите играчи и навивачи. Турскиот првак дома одигра само 3-3 против Касимпаша и тоа Галата водеше со 3-0 во 34-та минута со два гола на Осимен и еден на Икарди.
Црвено-жолтите беа разиграни, на гостите им се закануваше катастрофа, но Галатасарај се опушти и беше казнет на крајот, длабоко во судиското продолжение. И покрај киксот, Галатасарај е прв на табелата во турската Суперлига.
Ова е голот на Да Коста во 95-та минута со кој Касимпаша израмни на 3-3:
Da Costa adamsinn lan adammmmm..helal olsun Kasımpaşa #GSvKAS pic.twitter.com/OKSIYsKshn
— Şef Tadic 🐺 (@chieftadic10fb) September 28, 2024