Каков цар: Мане во Баерн си го доведе и својот најдобар пријател

Садио Мане е главната ѕевзда на Баерн Минхен во летниот преоден рок. Баварците платија 50 милиони евра за да го доведат Мане од Ливерпул, а тоа веќе им се исплати.

Во првиот официјален меч што го одигра за Баерн, Мане даде гол и беше еден од најзаслужните за победата од 5:3 против Лајпциг во освојувањето на трофејот во Супер купот.

Сенегалецот веднаш доби респект во Баерн, а доказ за тоа е што успеа во редовите на германскиот првак да го доведе и својот најдобар пријател, Десире Сегбе.

Сегне кој е репрезентативец на Бенин, потпиша двегодишен договор со резервниот тим на Баерн. Пред да дојде во Гермнија, Сегбе играше во ниските лиги на Романија и Франција.

- Оглас -

Најнови вести