Софија Гоџа мина низ пеколот до славата во само неколку секунди, а забележа драматична победа во Супер Џи во Сент Мориц и тоа со предност од само една стотинка.
Гоџа го загуби едниот стап, па падна, но успеа да се задржи стабилно на нозе и направи сензација со победа, прва за неа во Сент Мориц.
Италија има многу причини за радост, бидејќи имаат еден-два победа денеска, откако Фредерика Брињоне заврши како второпласирана зад Гоџа со само една стотинка послабо време.
Третото место и припадна на Микаел Шифрин со 13 стотинки задоцнување зад победниката.