Каква иронија – Вернер ќе има отштетна клаузула од 30 милиони евра, Лајпциг не го продаде за 40

Атлетико Мадрид имаше понуда за Лајпциг вредна 40 милиони евра за да го ангажира германскиот репрезентативец Тимо Вернер, а Ред Бул не го продаде, па сега одреди отштетна клаузула за 10 милиони евра пониска од сумата што „јорганџиите“ ја даваа за одличниот шпиц.

Вернер веќе се договори со Лајпциг да го продолжи договорот до 2023 година, а отштетната клаузула ќе биде 30 милини евра, ако Тимо сака предвреме да замине, односно ако се појави клуб да ги плати парите.

Договорот му истекуваше следната година, а Баерн имаше добар план, да го добие Вернер следното лето без пари, како слободен агент, но не успеа.

Вернер е стандарден член на германската репрезентација, одигра 25 натпревари за „елфот“ и има постигнато 10 голови. Има само 23 години и е еден од најперспективните играчи во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести