Натпреварот од новозеландската лига во рагби помеѓу Оукленд блус и Велингтон харикенс се одигра пред дури 43.000 гледачи на најголемиот стадион во Нов Зеланд и тоа е најпосетен меч во последните 15 години.
Додека спортските натпреварувања во најголем дел од Европа се во застој или се игра по нешто без публика, на далечниот Нов Зеланд „немаат гајле“. Во таа островска земја рагбито е најпопуларен спорт и не треба да чуди што дербито го гледаа толку фанови. Не само што беа во голем број на трибините, туку илјадници од нив влетаа и на теренот за да слават и да се фотографираат со омилените рагбисти.
Нов Зеланд е една од ретките земји во светот кои прогласија прекин на епидемијата со целосно укинување на какви било рестриктивни мерки против вирусот КОВИД-19. Државата која има 5 милиони жители, пријави 1.154 заразени и 22 смртни случаи поради корона-вирусот. Иако бројките се мали, се подготвуваат за вториот можен бран, па мерките околу патувањата во странство уште се строги.
Погледнете како изгледаше стампедото од фанови кои брзаа да стигнат до своите идоли:
https://twitter.com/i/status/1272051761247776769