Каква корона, дојди да те гушнам (фото+видео)

Фудбалерите на Шалке потполно заборавија да се придржуваат до мерките при прославувањето на првиот гол по продолжувањето на сезоната. Мекени погоди за 0-1 во 53-тата минута на гостувањето кај Фортуна во Диселдорф, па од голема возбуда пола екипа тргна да се прегрне со американскиот репрезентативец.

Се чини дека возбудата уште ги држи избраниците на Вагнер бидејќи тимот од Гелзенкирхен веќе е во негатива на дваесетина минути до крајот на средбата. Фортуна во меѓувреме израмни преку Хенингс, а за 2-1 погоди Караман во 68-мата минута.

Инаку ова не е прв случај во Бундеслигата. Претходно правилото за забрането гушкање го прекрши Ведад Ибишевиќ од Херта, исто така при прослава на гол.

- Оглас -

Најнови вести