Босанскиот шеф го прекрши правилото, а Бојата дури и го бакнуваше Грујиќ: Сепак сме фудбалери, не сме роботи

Ведад Ибишевиќ вели дека жали што го прекршил правилото за социјална дистанца при прославата на голот против Хофенхајм и се извини, па веројатно нема да биде казнет.

Популарниот „Шеф“ како што му е прекарот на босанскиот репрезентативец одигра маестрална партија за Херта во победата од 3:0 на гостувањето кај Хофенхајм, но се радуваше со соиграчите по голот за 2:0 што го постигна во 60. минута.

„Долго чекавме повторно да и се радуваме на фудбалската игра и тешко беше да се контролираат емоциите. Жал ми е што ненамерно го прекршивме правилото за социјална дистанца, но сепак сме луѓе, не сме роботи“, изјави Ибишевиќ.

Сепак двајца играчи на Херта се во опасност да бидат казнети, бидејќи камерманите и фоторепортерите ја фатија на дело реакцијата на Бојата, кој го бакна Грујиќ при прослава на еден од трите гола на гостите од Берлин.

Тоа е комплетно забрането со правилникот што е напишан на педесеттина страници, како да се однесуваат фудбалерите и сите што се присутни на натпреварите во Бундеслигата, во услови кога се уште не е завршена пандемијата со Коронавирус.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести