Ига Свјонтек покажа солидарност кон тенисерите што чекаа на ред за да почнат доцна вечерва со својот меч на Ролан Гарос и го прескокна вообичаеното победничко обраќање кон публиката во Париз.
„Ќе игра ли Рафа вечерва…“, праша Свјонтек по победата против Мартина Тревизан и веднаш откако доби потврден одговор, само ја поздрави публиката на трибините и си замина од теренот.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1313576613007822849?s=20
Целата програма се помести по маратонскиот меч што го одиграа Диего Шварцман и Доминик Тим, кој траеше цели пет часа и девет минути, па и Свјонтек и Тревизан долго чекаа за да играат.
Полската тенисерка набрзина за околу еден час и 20 минути ја декласира Тревизан, па Надал и Синер не мораа веќе да чекаат и го почнаа мечот од четвртфиналето малку по 22.30 часот вечерва.