Каква серија на Старата дама – Може ли Јувентус до десетка против Фиорентина?

Јувентус има неверојатна серија од 9 победи по ред на домашен терен против Фиорентина во натпревари од Серија А, а и вечерва од 20.45 часот Старата дама е фаворит во обидот да стигне до торинската десетка.

Старите ривали од Калчото ќе играат нов меч меѓу себе, што повторно доаѓа во незгоден момент за Фиорентина. Виолетовите немаат победа на 8 меча по ред во актуелното првенство на Италија и се во голема криза, а и многу тешко им оди во Торино на гости кај Старата дама.

Последен пат како гости во меч од домашното првенство го победија Јувентус во 2008 година со 3:2 и оттогаш црната серија без триумф на 12 натпревари по ред сè уште е актуелна, ако се сметаат само натпреварите во најсилната италијанска лига.

Јувентус со лидерот Милан се единствените непоразени екипи по 13 кола, па сè е во насока дека „црно-белите“ од Торино ќе ја продолжат суперсеријата против гостите од Фиренца.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести