Англиската Премиер лига вечерва донесе резултати по вкус на лидерот Арсенал кој утре со евентуална победа над Ливерпул, дополнително би се одлепил на чело на табелата.
Ерлинг Халанд од пенал го постигна 35.000-тиот гол во историјата на Премиер лигата, но тоа не беше доволно за триумф на Сити над Брајтон, средбата заврши 1-1. Нерешено одигра и Астон вила, кој ни даде ни прими гол против Кристал палас.
Порази претрпеа Челзи и Тотенхем. Проблемите за Сините не завршија со отказот на Енцо Мареска, тие долго беа со човек помалку по црвениот картон на Кукурелја и во локалното дерби со Фулам загубија со 1-2. Петлите пак во судиското продолжение примија гол од Борнмут и Црешите победија со 3-2. Така џабе беше голот со ножички на Паљиња.
Евертон ги преживеа двата црвени картони во финишот и освои бод против Вулверхемптон. Брентфорд благодарение на Игор Тијаго кој стана најефикасен Бразилец во историјата на Премиер лигата по број на голови во една сезона, сега е петти на табелата.
⚽️ Joao Palhinha converts his effort.
🏴 Bournemouth 2-2 Tottenhampic.twitter.com/hUQEKhqE1L
— Goals Xtra (@GoalsXtra) January 7, 2026

