Интересен расплет имаше на трите меча од Лигата на Европа и Конференциската лига, на кои се играа продолженија и никаде не се дојде до изведување пенали.
Фрајбург губеше со 0-2 по првото полувреме од Ленс, но со головите на Унгарецот Салаи (вториот гол падна во 92-ра минута) израмни на 2-2 и се избори за нови 30 минути. Во екстра периодот, Грегорич погоди за 3-2 и го однесе германскиот тим во следната фаза.
Карабах како гостин ја совлада Брага со 4-2, а вечерва во 90 минути загуби 0-2, па се играа продолженија, во кои паднаа три гола, два во мрежата на гостите. Азербејџанскиот тим до триумф и избегнување пенали дојде во 122-рата минута.
Ајакс со гол во 114-та минута се протна во следната фаза од Конференциската лига. Копјаниците на првиот меч губеа 0-2 и во судиското продолжение извлекоа 2-2, а вечерва одиграа 1-1, и тоа по водство, а Бодо/Глимт изедначи во 83-тата минута, кога на теренот двата тима имаа по десетмина играчи.