Какво лудило: Судијата згреши, па на колена молеше да му простат (Видео)

На натпреварот од данската втора лига помеѓу Вендсисел и Фредериција се случи нешто што ретко се гледа на фудбалските терени. Главниот судија наместо да почитува предност, запре една акција од која можеше да биде постигнат гол за водство од 2-0. Брзо сфати каква грешка направил и од очај се фати за глава и заврши на колена, молејќи го оштетениот домашен тим за прошка.

Што е уште полошо, Фредериција изедначи на 1-1 и освои бод. А, гостите лесно можеа да губат со 0-2 да беше судиската грешка.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1429511303287263238

- Оглас -

Најнови вести