Рускиот пикер Глеб Калараш на крајот на оваа сезона ќе си замине од Вардар 1961. Тој ова го потврди преку социјалните мрежи. Кружниот напаѓач три сезони го носеше црвено-црниот дрес, а на негово место најавено е доаѓање на Французинот Жереми Тото.
Калараш има играно за Санкт Петербург, Магдебург и Мотор Запорожје, а засега не се знае каде продолжува.
Вардар 1961 ќе го напуштат уште Марко Кизиќ, Робин Кантегрел, Кристијан Дисингер, Ловро Јотиќ, Иван Чупиќ и тренерот Стевче Алушовски.