9.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Каљари поведе, но Јилдиз не дозволи изненадување во Торино (Видео)

Јувентус и седми натпревар по ред не знае за пораз, откако пред својата публика славеше над Каљари со минимални 2-1.

Гостите беа тие кои го отворија резултатот, преку Еспозито во 26-тата минута, но нивната радост траеше само 60-тина секунди, бидејќи Кенан Јилдиз во 27-мата минута израмни на 1-1.

„Старата дама“ на паузата замина со водство од 2-1, откако Јилдиз повторно погоди, овојпат во првата минута од судиското продолжение.

Јувентус со оваа победа дојде до седмата позиција на табелата со 23 бода, четири помалку од лидерот Рома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести