Калифорниската пресметка за место во плејофот ќе им припадне на гостите?

Лос Анџелес лејкерс – Милвоки бакс (04.30 часот)

Гостите се фаворити, за „двојка“ коефициентот е 1.57, а доколку „елените“ победат, тогаш логично е најдобар поединец да биде Јанис Адетокумбо, на кого против слабата одбрана на Лејкерс не би му било проблем да даде 26 или повеќе поени. Квотата дека Адетокумбо ќе даде повеќе од 25,5 поени е поголема од таа за фиксот двојка. Бакс е лидер на Истокот и има серија од шест победи по ред, а Лејкерс е десетти на Западот и се обидѕва со крајни сили да влезе во плејофот.

Предлог тип: Адетокумбо >25.5 (1.87)

 

Бостон селтикс – Вашингтон визардс (02.00 часот)

Ова се два тима од кои сезонава се очекуваа подобри резултати. Селтикс има четири порази едноподруго, додека Визардс пред да победи на претходниот меч, имаше четири порази во низа. Неиграњето на Двајт Хауард и Џон Вол е проблем за Визардс. Во три од последните четири меѓусебни дуели на овие екипи, се играше продолжение, па похрабрите може да се обидат со „икс“.

Предлог тип: <234,5 поени (1.85)

 

Сакраменто кингс – Лос Анџелес клиперс (04.00 часот)

Изгледот на табелата на Западот е таков што ова е дерби на вечерта во НБА. Клиперс е осми со 34-29, а Кингс е деветти со 31-30. Иако „кралевите“ се домаќини во главниот град на Калифорнија, сепак соседот Клиперс може да триумфира и да се зацврсти на место кое води во плејофот и да ја продолжи трката со Сан Антонио за седмото место.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

Бафало сејбрс – Питсбург пингвинс (01.00 часот)

На Питсбург, очајно му треба победата за да фати приклучок кон местата кои водат во плејофот. „Пингвините“ имаат неколку повредени играчи, но во последно време, тие се во подобра форма отколку хокејарите од Бафало. Бафало прими 10 гола на претходните два меча, па Питсбург треба да ја искористи лошата форма на противникот.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

Њујорк ајлендерс – Вашингтон капиталс (01.00 часот)

Соседите на табелата се во добра позиција да играат плејоф, но ако тимот од главниот град на САД победи, ќе ги стигне њујоршките „островјани“. Вашингтон важи за тим со голема офанзивна моќ, но на 19 јануари, дома не успеа да даде гол против Ајлендерс и загуби со 0-2. На последното гостување кај овој ривал, Вашингтон со голови на Овечкин и Вилсон, победи со 4-1.

Предлог тип: 1 (2.45)

- Оглас -

Најнови вести