Македонската тениска репрезентација има резултат 1:1 против Малта во првото коло од Третата европска зона од Дејвис купот. Во првиот меч, Обрад Марковски по голема борба и меч кој траеше речиси три часа, загуби од Алекс Дегабриеле со 6:4, 2:6, 7:6(3).
Марковски ја имаше фаворитската улога, добро го отвори мечот и поведе со 1:0 во сетови, но потоа следуваше пад во играта. Противникот лесно го доби вториот сет, а во третиот се играше тај-брејк. Марковски имаше предност од 3:2, но потоа следуваше нов несфатлив пад во играта, па Дегабриеле со пет поени по ред стигна до 7:3 и го доби мечот.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, во вториот меч без многу проблеми го победи Лијам Деликата со 6:2 и 6:4 и израмни на 1:1 во победи, па дуелот во дубл ќе решава за конечниот победник.