Калјари не признава фаворити и го победи Јувентус (Видео)

Калјари направи изненадување и со 1:0 го победи Јувентус во меч од 21. коло во Серија А. Овој резулат е неочекуван ако се знае дека Калјари е во долниот дел од табелата и се бори за опстанок.

За разлика од Калјари, Јувентус на ова гостување дојде со низа од шест победи и едно реми во последните седум меча, но на ова гостување Старата дама едноставно не успеа да се спаси од пораз.

Клучниот момент на мечот се случи во 65 минута кога Мацители одлично реагираше и постигна гол за голема радост за домаќините.

Во трите денешни меча беше постигнат само еден гол. Интер славеше над Удинезе на гости со 1:0, а Наполи со 1:0 беше подобар од Сасуоло.

- Оглас -

Најнови вести