Калјари победи за спас

Калјари ја искористи предноста на домашен терен и со победа од 2:1 против Фиорентина освои златни бодови во битката за спас и опстанок во Серија А.

Жоао Педро и Лука Цепители ја погодија гостинската мрежа во второто полувреме за недостижна предност од 2:0. Фиорентина намали во 88. минута со голот на Киеза, но немаше  време за да се освои барем еден бод.

Гостите се во серија од четири меча без победа, и речиси ги загуби сите шанси за настап во еврокуповите следната сезона преку Калчото.

Калјари со 28 одиграни натпревари има 30 бодови, 9 повеќе од екипите што се во зоната за испаѓање.

Во исто време од 20.30 часот Борусија Менхегладбах и Фрајбург одиграа нерешено 1:1, што е несупех за домаќините во битката за директен пласман во Лигата на шампионите за идната сезона.

- Оглас -

Најнови вести