29.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Калкулациите велат дека Македонија речиси сигурно ќе игра во бараж за Мундијалот во 2026

Квалификациите за пласман на Светското првенство влегоа во завршна фаза кога се работи за македонската репрезентација, а нашата репрезентација уште е на првото место. До крајот на квалификациите Македонија треба да одигра уште три меча, кој од кој позначаен.

Прво следува октомврискиот циклус кога ќе гостуваме кај главниот фаворит во групата, селекцијата на Белгија, а три дена потоа дома ќе го пречекаме Казахстан. Во последното коло кое може многу да решава, Македонија ќе гостува кај Велс, кој заедно со Белгија се двете селекции кои се поголеми фаворити од нашата селекција за пласман на Мундијалот.

Калкулациите според тоа како треба да биде конечниот изглед на групата во која е Македонија, не се оптимистички за нас. Само четири отсто се шансите дека Македонија ќе остане најдобра во групата и на крајот.

Сепак, тоа не значи дека Македонија треба да се откаже. Дури и да не биде меѓу првите две места во групата (првопласираниот директно оди на СП, а вториот влегува во баражот), Македонија речиси сигурно ќе игра во баражот дури и да е третопласирана во групата на крај.

Баражот ни е речиси 100 отсто загарантиран преку Лига на нации. Македонија триумфираше во Ц сегментот во Лига на нации и сега чека да нема големи изненадувања во групите од квалификации, за да го обезбеди местото во баражот.

Според последните проекции, Македонија е втора на листата од четири репрезентации кој чекаат место во баражот за Мундијалот преку Лига на нации.

- Оглас -

Најнови вести