Фудбалерот на Њукасл, Калум Вилсон, вечерва ги даде двата гола за Чавките на гостувањето кај Вулверхемптон, но тоа не беше доволно за победа, средбата заврши 2-2.
Едниот гол на Вилсон беше од пенал, па Вилсон потврди дека е одличен реализатор на најстрогата казна. Тој во кариерата има изведено 17 пенали, и дури 16 пати дал гол, што е фантастични 94 отсто успешност.
Подобри пеналџии (се сметаат играчи кои шутнале барем 15 пенали) во историјата на Премиер лигата од него се само Мет Летисие (25/26, што е 96%) и Дени Марфи (18/19, што е 95 отсто реализација).