Камавинга: Анчелоти вети дека ќе танцува заедно со мене кога ќе дадам гол!

Едуардо Камавинга е еден од најважните играчи во тимот на Реал Мадрид, затоа што игра добро и во средниот ред и како лев бек, но одамна (цела претходна сезона, и до овој момент во оваа сезона) нема дадено гол.

За да го мотивира да биде поагресивен во нападот, тренерот Карло Анчелоти му ветил дека кога Камавинга ќе постигне гол, Анчелоти ќе прослави со заеднички танц со него, а тоа е нешто што секој навивач ќе сака да го види.

„Карло Анчелоти ми кажа дека ќе танцува со мене кога ќе го постигнам следниот гол. „Не знам кога ќе биде тоа, но тој ќе танцува“, откри Камавинга.

Камавинга е тимски играч, вели дека не би се бунел и ако му кажат да биде голман на некој меч, иако најмногу сака да игра како последен играч за врска во средината.

- Оглас -

Најнови вести