Во француската репрезентација, која е еден од фаворитите за титула на претстојното Светско првенство во фудбал, не цутат розите.
На вчерашниот тренинг, при еден дуел со Едуардо Камавинга, се повреди Кристофер Нкунку и ѕвездата на Лајпциг нема да може да игра на Мундијалот, а дополнителен проблем е што Карим Бензема со тимот тренираше само 15 минути и потоа замина да работи со фитнес-тренер, што укажува дека освојувачот на Златната топка не е 100 проценти подготвен.
Неодамна отпадна и дефанзивецот Преснел Кимпембе, а од поодамна се знае дека во Катар ќе ги нема и Н’голо Канте и Пол Погба.
Камавинга на социјалните мрежи добивал закани и расистички навреди бидејќи го сметаат за виновен што се повреди Нкунку.
Откако стана јасно дека Нкунку отпаѓа од комбинација поради повреда на коленото, селекторот Дидие Дешамп го повика Рандал Коло Муани од Ајнтрахт.
Коло Муани е роден во Бонди, предградието на Париз во кое е роден и Килијан Мбапе, а исто така и врсник е со ѕвездата на ПСЖ, двајцата имаат по 23 години. Тој сезонава има 8 гола и 11 асистенции на 23 меча во сите натпреварувања.
Коло Муани досега има одиграно два меча за сениорскиот национален тим на Франција.
Погледнете го дуелот на Камавинга и Нкунку, кој значеше крај за надежите на напаѓачот дека ќе заигра на СП:
https://twitter.com/i/status/1592584953392336897