Едуардо Камавинга ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид и покрај шпекулациите што го поврзуваа со трансфер во Ливерпул. Како што пренесува „Дефенса сентрал“, францускиот фудбалер веќе ја донел конечната одлука да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Во тековната сезона, 23-годишниот играч има 23 настапи за Kралскиот клуб, а договорот со Реал го врзува до 2029 година.
Раководството на мадридскиот гигант не е под притисок да продава играчи, па изборот целосно беше на Камавинга, кој реши да ја продолжи својата авантура во шпанската престолнина.
Покрај ова, Реал Мадрид продолжува да го следи Рајан Гравенберх, играчот за врска на Ливерпул, и сака да го доведе на „Бернабеу“ во летниот преоден рок.

