Камавинга: Повеќе сакав џудо, мајка ми ме натера да тренирам фудбал!

Францускиот фудбалер Едуардо Камавинга, кој го носи дресот на Реал Мадрид, откри дека како дете повеќе го сакал џудото отколку фудбалот, но неговата мајка влијаела врз него да почне да го тренира најпопуларниот спорт на светот, а не боречката вештина.

„Мојот брат беше џудист и јас сакав да бидам како него. Сакав да се тепам, но не на училиште, туку повеќе дома со брат ми. Мајка ми Софија не сакаше да тренирам џудо, туку фудбал. Не ми беше по ќеиф на почетокот, но ете мајка ми и судбината сакаа да станам фудбалер“, вели Камавинга, кој е роден во Ангола, а родителите му се од Конго, но кога имал две години се преселиле во Франција.

Камавинга игра во средниот ред, но сезонава во дресот на Реал и во француската репрезентација покажа дека се снаоѓа и како лев бек.

- Оглас -

Најнови вести