Домаќинот на Африканскиот куп на нациите, Камерун, ја сопре серијата чудесни натпревари на шампионатот со 0-1 гол и рутински ја победи Етиопија со 4:1.
Досега дури 11 од вкупно 12 натпревари завршија со 0-1 погодок, а тринаесеттиот беше и најефикасен.
Етиопија поведе со голот на Хотеса во четвртата минута, што ги разлути фаворитите.
Тото Екамби израмни само 240 секунди подоцна, а потоа Абубакар постигна два гола за кус рок од 120 секунди, во 53-тата и 55-тата минута.
Екамби уште еднаш беше прецизен за домаќинот на АФКОН и еден од главните фаворити на турнирот.