Камил Штох најдобар во Инсбрук, и нов лидер на „Четири скокалници“

Полскиот ски-скокач Камил Штох, победи на денешното натпреварување во австриски Инсбрук, и го презеде водството во генералниот пласман на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

Штох денеска собра најмногу поени во двете серии, имаше скокови од 127,5 и 130 метри. Изненадувачки втор беше Словенецот Анже Ланишек, додека трети беше Давид Кубацки од Полска. Потфрлија Норвежанецот Гранеруд и Германецот Гајгер. Гранеруд беше дури 15-ти, а Гајгер една позиција подолу.

Сега во генералниот пласман на „Четири скокалници“ води Штох со 15 поени пред сонародникот Кубацки, и 20 пред Гранеруд. Но, останува уште настапот во Бишофсхофен, и таму ќе се решава кој ќе триумфира. Штох има две титули на „4 скокалници“, и блиску е до трета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести