Кампањата на Рома досега спаси 10 млади животи!

Кампањата на Рома со која досега се спасени 10 млади животи се покажува како вистински подогок. Веќе неколку години Римската волчица преку социјалните мрежи учествува во голема акција за пронаоѓање исчезнати млади деца, а досега се најдени вкупно 10 откако последните неколку објави помогнаа да се најдат уште две девојки.

Една од нив беше прикажана при промоцијата на Руи Патрицио, португалскиот голман кој пред неколку дена потпиша со клубот од Рим. Успешни беа потрагите и во минатото, беа најдени и децата кои беа прикажани заедно со трансферите на Спинацола во 2019 година и Смолинг минатото лето.

- Оглас -

Најнови вести