Браво за кампањата на Рома: Девојката која исчезна пред два месеци е најдена!

Рома уште еднаш успешно помогна во мисијата да се пронајде 17-годишната исчезната девојка чие име не се открива поради приватни причини.

Римската волчица со помош на своите засилувања кои ги претстави изминатиов период на социјалните мрежи ја покрена свеста кај луѓето преку кампањата „Исчезнати деца“ и помогна да се најде девојката која исчезна на 7 август во Тоскана, блиску до нејзиниот дом.

Клубот од Рим повеќе од една година се занимава со оваа кампања, а 17-годишната тинејџерка е седмо дете кое е најдено откако Рома се вклучи во акцијата заедно со италијанската полиција и светската организација за исчезнати малолетници.

Со секој трансфер претставен на социјалните мрежи се рекламира кампањата и сите деца кои се исчезнати и се трага по нив. Објавата токму за ова девојче беше прегледано повеќе од два милиони пати на социјалните мрежи, што придонело за навреме да се најде.

- Оглас -

Најнови вести