Канада има моќен тим, предводена од НБА-ѕвездите ќе атакува на титулата на Мундобаскетот

Новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Канада, Жорди Фернандес, го објави списокот на иошаркари со кои ќе настапи на претстојното Светско првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Составот на Канаѓаните излега моќно, со шампионот Џамал Мареј, а тука е вториот стрелец во НБА-лигата за минатата сезона, Шеј Гилџес-Александер.

Имињата на Ар Џеј Берет, Дилон Брукс, Двајт Пауел, Лу Дорт, како и на Кевин Пангос кој игра во Европа, се гаранција дека Канада ќе биде еден од најсериозните конкуренти за титулата.

Составок на Канада за претстојното СП го сочинуваат: Кајл Александер, Никел Александер-Вокер, Ар Џеј Берет, Трае Бел-Хејс, Ошае Брисет, Дилон Брукс, Лу Дорт, Зак Едеј, Шеј Гилџес-Александер, Кори Џозеф, Џамал Мареј, Кели Олиник, Кевин Пангос, Двајт Пауел, Касиус Робертсон, Фил Скраб и Томас Скраб.

Канада се наоѓа во групата Х заедно со селекциите на Франција, Летонија и Куба.

https://twitter.com/FIBAWC/status/1679640942217687040?s=20

- Оглас -

Најнови вести