Фудбалската репрезентација на Канада со 2:0 ја победи селекција на САД во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Со оваа победа Канада се зацврсти на првото место во групата. Тимот има 22 бода од 10 меча во кои нема ниту еден пораз (шест победи и четири нерешени). Американците се втори со 18 бодови од 10 средби.
Напаѓачот на Бешикташ, Клај Ларин, погоди во седмата минута за водство на Канада од 1:0.
https://twitter.com/i/status/1487882988587261957
Победата на домаќините ја потврди Сем Адекубе во 95-тата минута. Адекубе исто така игра во Турција за тимот на Хатај.
https://twitter.com/i/status/1487910715792904192
Оваа победа на Канада над САД е историска затоа што е прва по пауза од речиси 42 години во квалификации за СП. Низ историјата, Канада само еднаш била дел од Мундијалот, и тоа пред 36 години во Мексико.
BREAKING#CANMNT wins a World Cup qualifier vs USA for the first time since November 1, 1980
With a win this Wednesday in El Salvador & some help, Canada can clinch their first World Cup berth in 36 years pic.twitter.com/kQ6RlLNYJA
— Sportsnet Stats (@SNstats) January 30, 2022
Во останатите мечеви од квалификациите во Средна и Северна Америка: Мексико – Костарика 0:0, Хондурас – Салвадор 0:2, Панама – Јамајка 3:2.
Табела по 10 кола: Канада 22 бодови, САД 18, Мексико 18, Панама 17, Костарика 13, Салвадор 9, Јамајка 7, Хондурас 3 бода.