Селекторот на фудбалската репрезентација на Канада, Џон Хердман, по враќањето во татковината им откри на медиумите зошто не се ракувал со својот хрватски колега, Златко Далиќ, во нивниот дуел во второто коло на Светското првенство во Катар.
Хердман по поразот на неговите фудбалери во првото коло од Белгија со 1:0, рече дека во следниот натпревар, ќе ги е**т Хрватите и ќе ја остварат првата победа на Светските првенства.
Иако Канада поведе на тој дуел, на крајот славеше Хрватска и тоа со убедливи 4:1, а Хердман по натпреварот не се ракуваше со селекторот на Хрватска, Златко Далиќ. Сега за канадските медиуми ја откри причината зошто не го сторил тоа.
„Се ракувавме пред натпреварот, сакав да го направам истото и подоцна. Меѓутоа по завшување на средбата, кога се свртев, Златко Далиќ веќе славеше на теренот со своите играчи. Имаше за што да слави, ја победи Канада. На теренот се ракував со судијата и играчите, но него не го видов“, изјави Хердман.