Канадскиот атлетичар Андре dе Грас го освои златото во трката на 200 метри спринт во машка конкуренција оставајќи зад себе четворица американски атлетичари.
Де Грас претходно го освои бронзениот медал на 100 метри спринт, но денес се покажа како најдобар на двојно подолгата трка. Канаѓанецот запиша време од 19.62 секунди, што е национален рекорд, а за 32 стотинки беше поспор од олимпискиот рекорд на Јусеjн Болт.
Со сребро се задоволи Кенет Беднарек од САД, бронзата му припадна на Ноа Лајлс.