Канаѓанка собори светски рекорд, леташе 222 метри (Видео)

Канаѓанката Александрија Лутит го собори светскиот рекорд во ски скокови во женска конкуренција.

Таа најдолгиот скок во историјата во женска конкуренција го направи во Викерсунд, Норвешка и тоа во третата сесија од денешниот тренинг.

Претходна сопственичка на светскиот рекорд беше словенечката ски скокачка Ема Клинец која прво прелета 203 метри, а потоа 221 метар.

https://twitter.com/i/status/1637039015160422400

 

- Оглас -

Најнови вести