Канаѓанките и со минус 6 бода може да се најдат во четвртфиналето на ОИ

Женскиот олимписки турнир во фудбал е поинтересен од машкиот затоа што кај жените тимовите настапуваат со најсилните состави, а има и „егзотични“ резултати како вчерашната победа на Австралија над Замбија од 6-5.

Актуелниот првак Канада поради шпиунирање со дрон на тренингот на Нов Зеланд, беше казнет со одземање на 6 бодови, но после две кола Канаѓанките дојдоа на нула (синоча славеа над Франција со гол во 12-тата минита од судиското продолжение), па ако победат и во третото коло против Колумбија, сигурно одат во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести