Канаринците не пеат кога играат со Ливерпул – Салах стаса до историски подвиг (Видео)

Ливерпул го декласира Норич со 3:0 на „Кероу роуд“ во премиерниот меч за двете екипи во новата сезона во Премиерлигата, а Мо Салах кој беше стрелец на третиот гол е нов рекордер со историски подвиг во англискиот фудбал.

Репрезентативецот на Египет е единствениот играч на Островот што успева да постигне гол во првиот меч во сезоната за својот клуб пет години по ред.

И вечерва постигна убав гол со кој стави печат на победата на Ливерпул во 74. минута.

https://twitter.com/realmadrid3413/status/1426605279056125956?s=20

Пред Салах стрелци на по еден погодок беа Диого Жота во 26. минута и Роберто Фирмино во 65. минута. Норич го одигра првиот меч по кам-бекот во Премиерлигата, но не успеа да постигне барем почесен погодок против фаворитот.

 

- Оглас -

Најнови вести