Озил е херој на денот: Ќе му ја дава платата на Ганерсаурус, кој беше отпуштен по 27 години работа во Арсенал!

Месут Озил го има потегот на денот. Ѕвездата на Арсенал се понуди да му се скрати дел од неговата плата за да му се даде плата на човекот, кој 27 години го носеше костимот со маскотата на англискиот премиерлигаш. Ганерсаурсос цели 27 години е заштитен знак на мечевите на кои Арсенал е домаќин, но пред два дена, челниците на клубот донесоа една непопуларна одлука.

За да се скратат трошоците, беше одлучено да му се даде отказ на човекот кој претставуваше маскота на Арсенал, потег кој ги налути фановите. Одлуката на првите луѓе на тимот беше дека нема потреба на стадионот да има маскота кога на трибините нема публика.

Кога слушна за отпуштањето на Џери Ки, човекот кој ја носи маскотата, веднаш реагираше Озил.

„Бев многу тажен кога слушнав дека Џери Ки познат како нашата позната и лојална маскота Ганерсаурус добил отказ по 27 години работа. Затоа јас се нудам на Арсенал да му ја надоместам целата плата на нашето зелено големо момче додека сум член на Арсенал“, напиша Озил.

- Оглас -

Најнови вести