Арсенал ги разлути навивачите со отпуштањето на маскотата, така ќе заштеделе

Фудбалскиот клуб Арсенал реши да го отпушти својот вработен Џери Ки, кој 27 години е во костимот и улогата на маскотата Ганерсаурус. Со ова клубот сака да си ги редуцира расходите за време на пандемијата од корона-вирусот. Клубот отпушти и други свои служители, но овојпат реакцијата на фановите е со противење за одлуката на клубот.

Фановите на Топчиите жалат што Арсенал не сака да го плаќа човекот кој ги забавува од 1993 година. Клубот се оправда со тоа дека мечевите се играат без публика, па Ганерсаурус нема работа и нема кого да забавува. Станува збор за привремена одлука и кога ќе се добие дозвола за враќање на публиката, и Ки ќе може да се врати на работа. Тој ја загуби и својата втора позиција во Арсенал, а тоа е координатор на фановите за време на гостувањата.

- Оглас -

Најнови вести