Мхитаријан со камбек против Македонија – Капарош одбра 27-мина репрезентативци на Ерменија за дуелот во Скопје (Фото)

Хоакин Капарош одбра 27-мина репрезентативци за дуелот со Македонија, што Ерменците како лидери во нашата квалификациска група ќе го играат во Скопје.

На националната арена „Тодор Проески“ ќе видиме познати имиња од калибарот на Мхитарјан, Барсегјан, Хамбарѕумјан, Карапетјан…, а Шпанецот на кормилото на Ерменија немаше премногу кадровски проблеми.

Капарош успеа да го врати и Мхитаријан во составот, токму за дуелот со Македонија на 2 септември.

Ерменија по дуелот со нас ќе ѝ гостува на Германија на 5 септември, а три дена подоцна ќе му биде домаќин на аутсајдерот Лихтенштајн.

Ерменците по три кола во Ј групата, се на првото место со 9 бода, пред Македонија и Германија со по шест, Романија и Исланд со по 3 и Лихтенштајн, кој е последен без бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести