Капетан Морган најави крај на кариерата

Вес Морган по последното коло во Премиер лигата, во кое Лестер го пречекува Тотенхем, ќе стави крај на долгогодишната фудбалска кариера која по 30-тите години му се претвори во бајка.

Капетан Морган, прекарот кој го доби по познатиот алкохолен пијалок, во кариерата одигра повеќе од 750 натпревари настапувајќи за Нотингам форест и Лестер. Како капитен на Лисиците, Морган освои три трофеи во Англија – беше шампион во Чемпионшип, а потоа ги одигра сите минути во неверојатниот поход на Лестер до титулата во Премиер лигата во сезоната 2015/16.

Крајот на кариерата го круниса со трофеј во ФА купот, кој Лестер го освои пред десетина дена за првпат во клупската историја, па нема сомнежи дека Морган ќе се памети како една од најголемите легенди на овој клуб.

https://twitter.com/LCFC/status/1395680972813836290

- Оглас -

Најнови вести