Капитените им се отсутни – Третата опција Валон Бериша ќе го предводи Косово против Македонија

Валон Бериша, поранешниот играч на Лацио, ќе биде капитен на Косово на дуелот против Македонија откако двете први опции за капитенската лента Амир Рахмани и Самир Ујкани нема да настапат на 8 октомври на националната арена „Тодор Проески“, во историското полуфинале во Лигата на нациите за двете селекции.

Селекторот на Косово, Бернард Шаланде, има многу проблеми како да го состави идеалниот тим што би атакувал на победа против Македонија бидејќи нема да игра и најпознатиот ас на Косово, Ведат Муриќи, а има уште неколку отсутни репрезентативци.

На голот би требало да биде членот на Манчестер сити, Аријанет Муриќ, сега позајмен во шпанска Жирона. Повреден е вториот капитен на Косово, Самир Ујкани, па 21-годишниот Муриќ ќе брани за гостите.

Комплетно интернационалната прва постава што се очекува да истрча на теренот во Скопје на 8 октомври ја сочинува и четворката во одбраната, предводена од бековите Мергим Војвода, десно, член на Торино, и Бењамин Кололји, како лев бек.

Стопери ќе бидат Ибрахим Дрешевиќ од Херенвен и Фидан Алити, кој игра за Цирих, исто како и Кололји.

Флоријан Лошај од полска Крајковија и капитенот Валон Бериша од француски Ремс ќе бидат задолжени за стопирање на офанзивата на Македонија во средниот ред.

Шаланде, според најавите на косовските медиуми, ќе го уфрли во игра Берсант Селина од Дижон како главен креативец во средниот ред, а во отсуство на Муриќи и на Рашица, шпиц на Косоварите ќе им биде Аде Нухиу од кипарскиот АПОЕЛ.

Како десно крило е најавен Флорент Хардеѓонај од Касимпаша, а на спротивната страна во нападот ќе биде Арбер Зенели од Ремс.

Мечот ќе се игра во четврток, од 20.45 часот во Скопје, а победникот ќе се пласира во финалето во Сегментот Д од Лигата на нациите и ќе ѝ гостува на Грузија или на Белорусија за триумф и пат на Европското првенство следната година.

Најавен состав на Косово во формација 4-2-1-3:

Муриќ – Војвода, Дрешевиќ, Алити, Кололји – Лошај, Бериша – Селина – Хардеѓонај, Нухиу, Зенели.  

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести