Бразил е освојувач на трофејот на Копа Америка откако во финалето со 3:1 го победи Перу на „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Освен пехарот за најдобра репрезентација во Јужна Америка, Бразилците ги освоија и сите индивидуални награди.
Капитенот на Бразил, Дани Алвес е прогласен за најдобар играч на турнирот. Искусниот дефанзивец беше вистински столб во играта на Кариоките. Освен што беше непогрешлив во дефанзивните задачи, тој имаше и голема улога во офанзивниот ред.
Напаѓачот на новиот шампион, Евертон, кој го постигна првиот погодок во мечот за златото, е прогласен за МВП на финалето, но и за најдобар стрелец на турнирот. Евертон даде три гола, колку што имаше и Паоло Гереро од Перу, но сепак ова признание замина кај Бразилецот.
Најдобар голман на шампионатот е Алисон Бекер, кој прими гол само во финалето на турнирот, и тоа од пенал. За фер плеј селекција беше прогласен Бразил, за комплетирање на сите можни индивидуални награди во рацете на Бразилците.