Капитенот на Фиорентина е вистински херој: Вчера играше дерби против Јувентус, денес помага во поплавите во Тоскана (Видео+Фото)

Капитенот на Фиорентина, Кристијано Бираги, денес е вистински херој во Италија бидејќи откако го одигра дерби-дуелот против Јувентус синоќа, заминал да помага во погодените подрачја од големите поплави во италијанскиот регион Тоскана.

Фудбалерите на Фиорентина денес имаат слободен ден по тешкиот дуел со Старата дама, а Бираги го искористил да им се приклучи на спасувачките екипи и да помогне во својот роден крај.

 

 

- Оглас -

Најнови вести