Капитенот на Ливерпул станува петтиот најплатен фудбалер во светот

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, ќе биде петтиот најплатен фудбалер на светот, откако ги договори личните услови со Ал-Етифак.

Тој во Саудиска Арабија ќе заработува по 40 милиони евра годишно, а побогати договори од него во моментов имаат само Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар. Сепак, разликата е во тоа што фудбалерите кои настапуваат во Саудиска Арабија се ослободени од данок, а Мбапе, Меси и Нејмар треба да платат данок во земјите каде играат.

Тренер на Ал-Етифак е Стивен Џерард, а токму Хендерсон во 2011-тата дојде како негова замена на “Енфилд Роуд“.

За да се резлизира трансферот треба и клубовите да се договорат околу висината на обесштетувањето, а Ливерпул за својот капитен бара 35 милиони евра, сума што не би требало да претставува проблем за Ал-Етифак.

- Оглас -

Најнови вести