-3.2 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Капитенот на Реал распали: Го допревме дното, не ги исполнивме очекувањата на клубот!

Реал Мадрид за само неколку дена остана без два трофеи. Откако загуби од Барселона во финалето на Суперкупот со 3:2, Реал Мадрид вечерва претрпе шокантен пораз од екипата на Албасете со 3:2 во Купот на Шпанија.

Овој пораз од Албасете, значеше и елиминација на Реал од Купот на Шпанија, што значи дека е загубена трката и за освојување на тој трофеј. Веднаш по мечот, еден од најискусните во тимот на Реал, капитенот Дани Карвахал имаше жестока реакција.

„Не мора да си гениј за да го сфатишт тоа дека го допревме дното. Елиминирани сме од тим кој игра во Втора лига. Честитки за Албасете. Време да бидеме самокритични. Пораката е дека тимот не е во својот најдобар лик. Мора да работиме напорно, да се трудиме повеќе. Тоа е реалноста, тоа е пораката. Не ги исполнивме очекувањата на овој клуб, вклучувајќи ме и мене тука. Им се извинуваме на навивачите и ветувам дека ќе дадеме најдоброто од нас да ги корегираме работите во следните месеци“, рече Карвахал.

- Оглас -

Најнови вести