Капитенот на српската репрезентација откако ги одби милионите од Саудиска Арабија, сега има нов клуб во Европа (Видео)

Капитенот на репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ, вчера беше во центарот на светската јавност откако без размислување ја одби милионската понуда од Саудиска Арабија и одлучи да остане во Европа.

Фудбалерот од Ајакс си заминува како слободен агент, а веќе денес се појави во Истанбул каде треба да ги мине лекарските прегледи во Фенербахче, пред да потпише договор со турскиот суперлигаш.

Моменталната вредност на Тадиќ е 6 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести