Капитенот на Торино се сели во Милано

Екипите на Интер и на Торино постигнаа договор за трансфер на италијанскиот репрезентативец напаѓач Андреа Белоти, пишуваат медиумите во Италија. Според најавите, капитенот на Торино ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ за трансфер вреден 15 милиони евра.

На Интер му е потребен квалитетен играч во нападот кој ќе го пополни отсуството на Ромелу Лукаку. Летово меѓу Нераѕурите пристигна Един Џеко, но Белоти треба да биде дополнување во офанзивниот дел. Актуелниот договор на Белоти со Торино истекува на крајот од сезоната, па за да може да добие некоја пара од трансферот, Торино реши да го продаде ова лето.

Белоти играше и за Палермо, а веќе седма сезона го носи дресот на Торино. Вкупно во Серија А постигна 99 гола, а беше стрелец и во првото коло од новата сезона, кога ја затресе мрежата на Аталанта, во поразот од 1:2 на домашен терен.

 

- Оглас -

Најнови вести