Фудбалерот на Вилјареал, Етјен Капу, осум сезони играше во Премиер лигата за Тотенхем и Вотфорд и добро знае каква атмосфера ги чека вечерва него и соиграчите на „Енфилд“ во Ливерпул.
„Енфилд е пекол. Треба да ја кажеме вистината, тој стадион едноставно е пекол. Тоа е најнепријатното место на коешто сум бил во Англија. Атмосферата, начинот на игра на Ливерпул, тоа е пекол од 90 минути. Никогаш не застануваат, постојано брзаат и сакаат постојано да даваат голови, сакаат да те нокаутират. Ливерпул не го интересира против кого игра. Тие сакаат да ги уништат сите противници“, раскажува плејмејкерот на Вилјареал.