Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега ТВ-аналитичар, Џејми Карагер, смета дека менаџерот Пеп Гвардиола нема искуство во кризни ситуации.
Граѓаните имаат само една победа во последните 10 натпревари во сите натпреварувања.
„Тој сега се прашува: Зошто потпишав нов договор? Ова е сериозна криза. Најголемиот тренер, можеби најуспешниот на сите времиња, едноставно нема одговори во моментов. Проба различни работи, различни системи, играчи на различни позиции, но страда, тешко му е. Никогаш досега не го поминал ова, нема искуство во кризни ситуации. Веројатно многу тренери во светот го гледаат Пеп со кисела насмевка. Тие не уживаат во она низ што минува, но си велат конечно и Гвардиола минува низ она низ што сите ние сме поминале во одреден момент од кариерата“, рече Карагер.