Карагер ја почувствува магијата на „жолтиот ѕид“, таму го славеше голот (Видео)

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, а сегашен телевизиски аналитичар, Џејми Карагер, синоќа отворено навиваше за Борусија Дортмунд, дури и се најде меѓу најжешките фанови на германскиот тим на легендарната трибина наречена „Жолт ѕид“.

Да биде уште поинтересно, Карагер беше таму и кога Борусија му даде гол на ПСЖ за водство од 1-0, што беше и единствен гол на мечот, и го прославуваше заедно со навивачите на Борусија.

Карагер го снимаше своето убаво искуство, погледнете како изгледаше тоа:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести